25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОтповик на урбaните возила Up!, Citigo и Mii

Отповик на урбaните возила Up!, Citigo и Mii

MiiUpCitigo_zpsa6636bfa

Германскиот производител на возила „Volkswagen“ најави отповик на своите урбани автомобили, „Up!“, „Skoda Сitigo“ и „Seat Mii“. Причината за ваквиот потег е поради проблемите со контролната единица за воздушните перничиња. Според наводите на групацијата, сопствениците на споменатите возила ќе мораат да се јават кај дилерите за да го отстранат овој проблем.

„Volkswagen Group“ наведува дека станува збор за глобален оптповик кој ги опфаќа сите возила произведени помеѓу јануари 2013-та година и март оваа година. Производителот го забележал проблемот со контролната единица на воздушните перничиња која не била конфигурирана на вистински начин.

Доколку овој проблем се игнорира воздушните перничиња може да се отворат со одложување при случај на незгода со што може да се зголемат ризиците од повреди. Проблемот не е изолиран само на воздушните перничиња, туку може да се манифестира и на затегнувачите на сигурносните појаси.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП