19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо цел да биде потранспарентно, Минстерството за финансии изработи „граѓански буџет“

Со цел да биде потранспарентно, Минстерството за финансии изработи „граѓански буџет“

Тим од Министерството за финансии изработи „граѓански буџет“ за државниот буџет да биде подостапен и потранспарентен за граѓаните, во кој на едноставен начин се претставени клучните информации од буџетот на државата.

Од Министерството за финансии велат дека „граѓанскиот буџет“ не е замена за деталниот буџет на државата туку претставува приказ преку кој секој граѓанин во рок од пет минути може да ги дознае плановите за управување со јавните финансии.

– ‘Граѓанскиот буџет’ е една од алатките со кои Министерството за финансии ја отвора транспарентноста и отчетноста на јавните финансии. Ние сметаме дека целосниот увид на јавноста во тоа како се трошат парите на граѓаните е важен чекор напред во спречување на злоупотребите од страна на носителите на власта. Истовремено, нашата намера е преку зголемување на информираноста на јавноста да влијаеме на посилно вклучување на граѓаните во креирање на владините програми и политики – вели министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Од Министерството велат дека следниот „граѓански буџет“ ќе се објави со предлог-буџетот за 2018 година и изработката на овој документ ќе стане пракса.

„Граѓанскиот буџет“ можете да го преземете на следниот линк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП