19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Salesforce ги надмина очекувањата на аналитичарите

Профитот на Salesforce ги надмина очекувањата на аналитичарите

„Salesforce.com“ објави квартален профит, кој малку ги надмина прогнозите на аналитичарите откако компанијата инвестираше многу за да ја спречи конкуренцијата во софтверската индустрија базирана на облак услугите, објави „Ројтерс“.

Акциите на компанијата забележаа пад од 1% за време на тргувањето на њујоршката берза.

Технолошкиот гигант со седиште во Сан Франциско објави нето-профит од 241 милиони долари или 33 центи за акција од 170 милиони долари или 24 центи за акција една година порано. Аналитичарите очекуваат нето профит од 229 милиони долари за кварталот.

Компанијата, исто така, објави одложени приходи – клучна мерка за софтверски компании базирани на претплата – од 4,82 милијарди американски долари за кварталот, што е за 26 отсто повеќе од пред една година. Тие ги надминаа очекувањата за приходите од 4,69 милијарди американски долари, според информатичката компанија „FactSet“.

Приходите во облак услугите, главниот производ на компанијата, се зголеми за 17,4 проценти на 886,4 милиони долари, додека вкупниот приход скокна за 25,8 проценти на 2,6 милијарди долари.

„Растот на „Salesforce.com“ е импресивен“, вели Џо Тенебер, аналитичар на „Motley Fool“. „Нема многу компании од оваа големина да растат толку брзо“.

„Salesforce.com“ ја промовираше својата инвестиција во истражување и развој, како и во маркетинг и продажба, додека се соочи со конкуренција од компании како „Oracle“ и „Microsoft“.

„Во текот на следните неколку години, битката во бизнисот со облак услуги ќе биде тешка. „Salesforce“ има направено одлична работа досега, но конкуренцијата се подобрува“, рече Том Таули, аналитичар на „InvestorPlace.com“.

Вкупните оперативни трошоци се зголемија за 19,7 отсто на 1,84 милиони долари во вториот квартал, кој заврши на 31-ви јули. На корегирана основа, компанијата заработи 33 центи по акција.

Просечната прогноза на аналитичарите беше за профит од 32 центи по акција и 2,51 милијарди долари во приходи, според „Томсон Ројтерс I / B / E / S“.

„Salesforce.com“ ја зголеми прогнозата за приходи за фискалната година, покажувајќи доверба во проширувањето на својата линија на софтвер базиран облачни услуги и очекувајќи тој да привлече нови компании.

Додека аналитичарите имаат загриженост за идните приходи, компанијата предвидува годишна продажба од 10,40 милијарди долари, со ревидиран профит од 1,29-1,31 долари по акција. Просечната прогноза на аналитичарите е за 10,29 милијарди долари приходи од продажба и 1,30 долари за заработка по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП