20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го лансираше виртуелниот асистент Bixby во 200 земји (видео)

Samsung го лансираше виртуелниот асистент Bixby во 200 земји (видео)

Јужнокорејската компанија „Samsung“ ја проширува дејноста на својот дигитален личен асистент „Bixby“ во над 200 земји и територии во светот, додека се обидува да се справи со конкурентските производи како „Alexa“ на „Amazon“ и „Siri“ на „Apple“, пишува „CNBC“.

„Bixby“ беше претставен претходно оваа година, кога „Samsung“ го објави својот главен паметен телефон – „Galaxy S8“. Првично, асистентот бил достапен само во Јужна Кореја, а потоа објавен во САД.

Електронскиот гигант сега го пушти „Bixby“ во нови региони, вклучувајќи ги Велика Британија, Австралија, Канада и Јужна Африка.

Во моментов, „Bixby“ препознава американски англиски и корејски јазик.

Копчето кое се наоѓа на едната страна од „Galaxy S8“ овозможува активирање на „Bixby“. Корисниците може да побараат помошникот да ги извршува задачите со барање на фотографии во фото албум или испраќање слики во контакти.

„Експанзијата на гласовните способности на „Bixby“ се првиот чекор кон континуираното пуштање на функционалноста на „Bixby“. Во иднина „Bixby“ ќе може да нуди поинтелигентни и кориснички интеракции и невидливи врски со повеќе уреди“, тврди Инџонг Ри, извршен потпретседател на „Samsung“.

„Bixby“ е одговор на „Samsung“ на конкурентите како „Apple“, „Google“ и „Amazon“.

Јужнокорејскиот гигант вети идните асистентски функции, како што се „Bixby Vision“, кои ќе им овозможат на корисниците да ја насочуваат камерата кон нивниот телефон и да добијат информации за тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП