20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали салатата е навистина најдобриот можен избор?

Дали салатата е навистина најдобриот можен избор?

Доколку исхраната ја базирате на зеленчук, дали навистина ќе ослабите побрзо и ќе се почувствувате поздраво?

Салатата е еден од оброците кои често ги консумираат луѓето кои држат диети а кој нема целосно да ве засити, но ќе направи да се почувствувате поздрави.

Меѓутоа, според зборовите на колумнистката која за „Washington Post“ пишува за храната, Тамара Хоспел, дејството на салатата е малку преценето.

Салатата е недоволно хранлива

Состојките во салатата како целер, краставица, ротквица и син домат се малку хрналиви, а зелената салата содржи речиси само вода.

Тоа што исто така за жал е факт е дека салатите ги тераат луѓето на погрешни избори, па најчесто тие во неа додаваат сосови, сирења или препечен леб со цел да се заситат и тогаш всушност се губи дејството на салатата.

Само затоа што салатата е етикетирана како здрава, природна и свежа, тоа не значи дека вие треба да се „потпрете“ само на неа, потребно е да внесете уште многу други хранливи и корисни состојки за време на режимот на исхрана.

Внимавајте повеќето ресторани во салатите додаваат преливи и со тоа го зголемуваат количеството на калории, па салатата наместо здрава и диетална станува калориска бомба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП