29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСеавус Инкубатор ја најавува пред-акцелераторската програма за ИТ стартапи

Сеавус Инкубатор ја најавува пред-акцелераторската програма за ИТ стартапи

Сеавус Инкубатор го отвори вториот повик за аплицирање на пред-акцелераторската програма која е наменета за ИТ стартапи од Македонија.

Преку 6-неделната програма, претприемачите ќе се стекнат со бизнис знаење, вештини и алатки, со цел да направат прототип, да лансираат производ на пазарот или да го финансираат својот бизнис. Програмата ќе заврши со „Инвестициски ден“ каде што сите стартапи ќе можат да ги презентираат своите идеи пред бизнис ангели, фондови на ризичен капитал, инвестициски куќи и институционални инвеститори.

Учесниците повторно ќе работат со докажани ментори – професионалци со различна експертиза за развој на производ, изработка на бизнис план, маркетинг, финансии, итн.

Аплицирањето трае до 15 септември, додека програмата започнува на 1 октомври 2017 година.

Сите заинтересирани компании можат да аплицираат на веб страната на Сеавус Инкубатор: www.seavusincubator.com

 

 

***

Сеавус Инкубатор е бизнис инкубатор кој е посветен на поддршка на претприемачи и стартапи кои работат во областа на информационите технологии. Во Инкубаторот се менторираат идеи, се обезбедува инфраструктура и ресурси за успешен раст и развој на стартапите.

Сеавус Инкубатор е најголемиот општествено одговорен проект на Сеавус, интернационална компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Сеавус брои 800+ ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот. Воедно, компанијата инвестира во домашни и интернационални стартап компании, со повеќе од 6 милиони евра инвестирани во изминатите години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП