19 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД блокираа 300 милиони долари помош за Египет

САД блокираа 300 милиони долари помош за Египет

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп скрати 100 милиони долари воена и економска помош за Египет и одложи уште приближно 200 милиони долари воена финансиска помош сѐ додека нема подобрување во почитување на човековите права и дејства за намалување на ограничувањата за граѓанските и невладините организации, пренесоа американските медиуми.

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, одлучи да го запре доделувањето на 65,7 милиони долари воена и 30 милиони долари економска помош за Египет, што се на чекање уште од фискалната 2014 година. Парите ќе бидат пренаменети, што значи дека ќе бидат пренасочени кон други држави.

Освен тоа, Тилерсон потпиша наредба за доделување 195 милиони долари воена помош за Египет изјавувајќи дека тоа одговара на американските национални интереси, но одлучи нејзината реализација да ја одложи.

Тилерсон има рок до крајот на фискалната година – 30 септември да одлучи дали да ја потпише наредбата за доделување на помошта, што ќе значи дека смета оти Египет ги исполнува условите за почитување на човековите права или парите ќе ги врати во Министерството за финансии. Ваквото одложување на Египет му дава дополнително време да ги исполни барањата за добивање на тие 195 милиони, одобрени од Конгресот во фискалната 2016 година.

Американските извори истакнуваат дека САД и натаму Египет го сметаат за важен стратегиски партнер, но остануваат сериозно загрижени од недостигот на напредок во областа на човековите права.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП