20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBHP Billiton се откажува од американскиот нафтен бизнис со шкрилци

BHP Billiton се откажува од американскиот нафтен бизнис со шкрилци

Најголемата рударска компанија во светот „BHP Billiton“ има намера да се повлече од пазарот со нафта од шкрилци во САД. Проектот оценет на милијарди евра во Канада исто така ќе биде замрзнат на неодредено време, објави компанијата.

Излегувањето од американскиот пазар на нафта од шкрилци и замрзнувањето на канадскиот проект се последица од разговорите на идниот директор на Управниот одбор Кем МекКензи со инвеститорите. Некои големи депоненти дури настојувале австралиско-британскиот концерн да се раздели со целиот свој нафтен бизнис.

МекКензи ќе ја заземе својата позиција формално во текот на следниот месец.

Во моментов, „BHP“ е осмиот по големина производител на нафта во САД. Додека цената на нафтата беше над 100 долари за барел, бизнисот беше прилично добар. Сепак, поради значително пониските цени во последниве години, голем број производители се борат со сериозни проблеми. Благодарение на сериозни мерки за намалување на трошоците во последната фискална година „BHP Billiton“ успеа да постигне позитивен готовински тек.

Експертите очекуваат продажбата на оваа компанија да добие помеѓу 8 и 10 милијарди долари. Покрај продажбата „BHP“ го проучува и берзанското деби, одвојување на единица кон акционерите или замена со друга единица.

Компанијата, исто така, ги претстави своите финансиски резултати. Нето добивката за минатата фискална година изнесуваше 6,7 милијарди долари – петкратен раст на годишна основа. Анкетираните аналитичарите од страна на „Ројтерс“, сепак, очекуваа повеќе.

Дивидендата се зголемува трипати до 43 центи по акција. Во исто време, долгот се намалува скоро 10 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП