29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрад Скопје обезбеди бесплатни плакати за изборите

Град Скопје обезбеди бесплатни плакати за изборите

Во согласност со законската обврска Градот Скопје обезбеди плакати за бесплатно изборно рекламирање на посебно определени локации.

За добивање право на користење место за истакнување изборни плакати на наведените паноа, организаторите на изборната кампања треба да достават барање до администрацијата на Град Скопје – сектор за комунални работи, најдоцна до денот определен за почеток на изборната кампања – 25 септември.

Редоследот на истакнување изборни плакати се определува со ждрепка, посебно за секој подносител. Ждребувањето ќе се изврши на 25 септември во 11 часот во Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП