25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРедизајнирана уште една верзија на Golf (фото+видео)

Редизајнирана уште една верзија на Golf (фото+видео)

Една од премиерите на штандот на „Volkswagen“ за време на автомобилскиот саем во Франкфурт во септември ќе биде на обновениот компактен ван „Golf Sportsvan“, моделот за 2017-та година. Германскиот производител официјално го претстави моделот кој до смената на генерациите во 2014-та година се предлагаше на пазарот под името „Volkswagen Golf Plus“.

Со редизајнот „Volkswagen Golf Sportsvan“ добил нови предни и задни браници, преработена решетка на ладилникот, светла за магла со променета форма, како и различни главни светла и задни светлосни групи.

Високото ниво на опрема има целосна „LED“ оптика. „LED“ светлата ќе бидат достапни за сите верзии на моделот. Ова исто така важи и за 16, 17 и 18-инчните тркала. Покрај тоа, компактното комбе ќе биде достапно и во многу повеќе палетни бои.

Обновениот „Volkswagen Golf Sportsvan“, исто така, добива голем број на нови опции за внатрешен дизајн. За поскапите верзии на возилото е достапен модерен информациско-забавен систем „Discover Pro“, која располага со 9,2-инчен екран на допир со функција за управување со гестови.

Опремата веќе вклучува систем за препознавање на пешаци, автопилот за сообраќајни метежи, екстремен систем за кочење и многу повеќе. Засега од компанијата не ги откриваат техничките детали за моделот, но според информациите на некои изданија, таму исто така ќе има новости.

Главната е вклучувањето на новиот 1.5-литарски „TSI“ мотор опремен со систем за деактивирање на половина (два) цилиндри. Таа ќе биде достапна во две варијанти на моќност – 130 и 150 КС. Покрај тоа, моделот располага со 1.0-литарски TSI со 110 КС, како и 1.6-литарски дизел и 2.0-литарски „TDI“ со 150 КС.

Продажбата на автомобилот ќе започне оваа есен, а во Франкфурт ќе бидат познати и цените. Цената на германскиот „Volkswagen Golf Sportsvan“ најверојатно ќе започнува од 20.475 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП