25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald's затвора 169 продажни места во Индија

McDonald’s затвора 169 продажни места во Индија

„McDonald’s India“ најави дека ќе затвори 169 продажни места во северна и источна Индија, откако американскиот ланец на ресторани за брза храна одлучил да го раскине франшизниот договор со индискиот партнер.

Од „McDonald’s“ велат дека нивниот партнер „Connaught Plaza Restaurants“, ги прекршил условите од франшизниот договор, вклучувајќи и откажување на плаќањето на авторскиот надомест.

„Connaught Plaza Restaurants“, кој работи до 169 „McDonald’s“ продажни места во Индија, во вторник објави дека ја разгледува можноста за правна борба.

Истата компанија во јуни мораше да затвори 43 „McDonald’s“ ресторани во главниот индиски град Њу Делхи, откако не успеа да ги обнови дозволите. „McDonald’s“ нагласи дека неговиот индиски партнер мора да престане да го корсти името „McDonald’s“, заштитниот знак, дизајнот, брендирањето, оперативната и маркетинг праксата и политиката во рок од 15 дена од известувањето за прекин на соработката.

Одлуката да затвори повеќе од третина од 43о-те „McDonald’s“ ресторани во Индија доведува до нов предизвик за компанијата, нарушувајќи го нејзиното работење во втората најнаселена земја во светот. Од „McDonald’s“ кажаа дека се во потрага за нов партнер во северна Индија, додека на југот и западот соработуваат со друга компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП