25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв суфицит после Брегзит

Прв суфицит после Брегзит

Велика Британија во јули оваа година оствари прв буџетски суфицит во 15 години, благодарение на приливите по основ на уплатата на данок на доход.

Него даночните обврзници сами однапред проценуваат за тековната фискална година, извествува агенцијата Блумберг.

Приходите на британскиот буџет ги надминаа расходите за 184 милиони фунти (240 милиони долари), додека во истиот месец минатата година беше забележан дефицит од 308 милиони фунти, соопшти денес Канцеларијата за државна статистика.

Според медијан прогнозата на економистите во анкетата на Блумберг, се очекуваше дефицит од милијарда фунти.

Самопроценетите приходи на даночните обврзници пораснале за 11 проценти во однос на јули минатата година, а зголемен е и приходот од данок на додадена вредност за 5,0 проценти.

Меѓутоа, расходите и понатака се под притисок поради растот на инфлацијата која ја прави отплатата на камата на индексно поврзаните државни обврзници значително поскапа. Трошоците на британскиот долг во тековната фискална година до денес пораснаа за 23 проценти, што е најголемо зголемување од 2010 година.

Министерот за финансии Филип Хамонд се надева дека задолжувањето во тековната фискална година ќе биде ограничено на 58 милијарди фунти, како што предвиде и буџетскиот надзорен орган во март. Задолжувањето во 2016 година изнесуваше 451,1 милијарди фунти, што е помалку во однос на претходната проценка од 46,2 милијарди фунти.

Буџетскиот дефицит на Британија опадна од 10 проценти од бруто домашниот производ (БДП) во 2010 година на 2,3 проценти минатата година. Но, додека Хамонд ветува дека ќе ги избалансира јавните финансии до 2025 година, секој потрес со кој економијата би можела да се соочи во текот на излезот на Британија од ЕУ би можел да ги исфли неговите фискални планови од колосек, оценува Блумберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП