25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриходите од туризмот во Грција пораснаа за 14,2% во јуни

Приходите од туризмот во Грција пораснаа за 14,2% во јуни

Податоците за туризмот, витален извор на пари во длабоко задолжената Грција, сугерираат дека земјата од Југоисточна Европа печали пари од топлите летни денови.

Приходите од туризмот во јуни изнесуваа 2 милијарди евра или 14,2 отсто повеќе во однос на истиот период од минатата година, според податоците на централната банка.

Грција предвидува втора последователна рекордна година во туризмот во 2017-та година, очекувајќи 30 милиони туристи, што е повеќе од претходниот рекорд од 27,5 милиони туристи во 2016-та година.

Државата, која сега е во третата програма за спасување од 2010-та година, очајно му треба парична инјекција, при што туризмот обезбедува околу една петтина од БДП-то.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП