24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо сендвичарата "7-ца", труење со храна и во познатата скопска гостилница "ДМ"

По сендвичарата “7-ца”, труење со храна и во познатата скопска гостилница “ДМ”

Пет лица со знаци на акутно труење од храна побарале лекарска помош на Клиниката за инфективни болести откако консумирале храна од скопската „Гостилница ДМ“, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат, кој бил известен од Центарот за јавно здравје – Скопје.

Инспекторатот вчера извршил вонреден инспекциски надзор во „Гостилница ДМ“, лоцирана на ул. „Орце Николов“, заедно со екипа на ЦЈЗ Скопје и со претставници од Агенција за храна и ветеринарство, при што било констатирано незадоволително ниво на хигиена во објектот, по што веднаш е извршена превентивна дезинфекција, дезинсекција и дератизација на објектот од овластена установа. При надзорот се земени материјали за микробиолошко испитување, а објектот е времено забранет за употреба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП