19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРиека не успеа против Олимпијакос, Марибор се врати во ЛШ (видео)

Риека не успеа против Олимпијакос, Марибор се врати во ЛШ (видео)

Марибор, Олимпијакос, Селтик, Наполи и Севилја изборија пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Шампионот на Словенија, Марибор, по две години се враќа во главната фаза во Лигата на шампионите. Марибор по првиот меч со Хапоел Бер Шива имаше негатива од 1:2, а голот вреден пласман во ЛШ, во реваншот, го постигна Митја Вилер во 13.минута.

Риека не успеа да го елиминира Олимпијакос. Шампионот на Хрватска имаше активен резултат по првиот меч, пораз 1:2, но Грците победија и во реваншот со голот на Марко Марин.

Наполи и во реваншот ја победи Ница со 2:0 и со вкупен резултат 4:0 избори пласман во елитата. Стрелци за Наполи беа Хосе Каљехон и Лоренцо Инсиње.

Басакшехир беше на чекор до сензација, но сепак не успеа да ја елиминира Севилја. Шпанскиот тим на првиот меч во Истанбул победи со 2:1, а во реваншот на „Рамон Санчез Писхуан“ мечот заврши 2:2. Елија му донесе предност на Басакшехир во првото полувреме, потоа во вториот дел Ескудеро и Бен Једер направија пресврт, а на 2;2 израмни Вишча.

Во среда ќе бидат познати и последните пет екипи кои ќе играат во фазата по групи.

ЦСКА Москва-Јанг Бојс 1:0, Копенхаген-Карабаг 0:1, ФБСЦ (Стеауа)-Спортинг Лисабон 0:0, Ливерпул-Хофенхајм 2:1, Славија Прага-АПОЕЛ 0:2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП