25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНа фестивалите СВП и „Македокс“ дискусии на „Креативна Европа – Медија и...

На фестивалите СВП и „Македокс“ дискусии на „Креативна Европа – Медија и култура“

Канцеларијата на креативна Европа – Медија и култура“ при Министерството за култура на Република Македонија и Агенцијата за филм на Република Македонија, во соработка со Министерството за култура на Република Бугарија („Канцеларија на креативна Европа – Култура“) и „Канцеларијата на креативна Европа – Медија“ на Република Чешка, ќе учествуваат со презентации и дискусии во рамките на фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“ и фестивалот Струшки вечери на поезијата (како дел од европската поетска платформа „Версополис“). Двата фестивала се поддржани од програмата „Креативна Европа“.

Презентациите и дискусиите ќе бидат посветени на актуелните теми и прашања поврзани со спроведувањето на двете потпрограми на „Креативна Европа – Култура и медија“. Ќе се дискутира за меѓусекторските достигнувања на програмата „Креативна Европа“, за препораките за програмата по 2020 година, ќе се дискутира среднорочната евалуација на категоријата „Платформи“, ќе се презентираат информации за категоријата „Проекти за соработка“ и „Европската година на културно наследство 2018“, ќе се презентираат модели за барање на партнери и др.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП