25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто велат истражувањата за успешните менаџери

Што велат истражувањата за успешните менаџери

Новите научни истражувања за менаџментот како наука укажуваат кои универзални карактеристики се потребни на еден успешен менаџер. Направени се истражувања на  9.000 продажни менаџери од различни земји, се верува дека истите карактеристики за успешност можат да се препишат и на сите видови на менаџерски позиции: менаџер на производство, сметководствен менаџер, извршен менаџер на претпријатие и сл.

Скромност наместо ароганција. Неуспешните менаџери постојано им наредуваат на вработените што и како да прават и се тотално неподносливи во тоа дека тие се тие што се знаат. А успешните менаџери немаат толку големо его, дозволуваат партиципација на вработените во процесот на донесување одлуки.

Флексибилни наместо ригидни. За да успешно раководат со дадената ситуација во работата менаџерите треба да бидат подготвени и прилагодливи на промените во нивното интерно и екстерно деловно окружување и таа култура да ја пренесат на своите вработени.

Искрени наместо двосмислени. Најголемата грешка на менаџерите е кога манипулираат со своите вработени кажувајќи им ја полу-вистината за некоја работа или проблем што се случува во нивното претпријатие. На тој начин вработените само ќе се почуствуваат навредени и ќе станат нелојални и непродуктивни веднаш што ќе ја осознаат правата ситуација.

Планирање наместо импровизација. Морате да имате план и стратегија на хартија за години однапред каде ќе се движи вашето претпријатие и да бидете сигурни дека вашите вработените добро го имаат разбрано тоа.

Прецизни наместо неодредени. Тоа значи дека треба да имате јасни поставени цели изразени квантитативно во бројки и мерки, на тој начин вработените ќе им биде јасно и ќе знаат што точно се очекува од нив. Пр. Цел ви е да го зголемите обемот на производство на мармалад до 7 тони во наредните две години.

Смиреност наместо избувливост. Кога ќе се соочите со проблеми во вашето претпријатие, наместо да им се развикувате и да ги заплашувате вашите вработени, пробајте да ги ислушате внимателно, да ги разгледате сите опции и да одлучите за најдобриот пристап.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП