18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДрастично намалени нивоата на Вардар и Дрим

Драстично намалени нивоата на Вардар и Дрим

Драстично се намалени нивоата на реките Црн Дрим и Вардар. Просекот на Дрим за август, мерено кај Ложани, вообичаено е 121 сантиметар, а денеска изнесува 55, а на Вардар кај Скопје, Велес и Јегуновце во просек е до 36 сантиметри, но денеска се движи од четири до 18, соопшти УХМР.

Намален водостој под августовскиот просек Вардар покажува и кај Демир Капија.

Нивоата се намалени и на Треска кај Македонски Брод, на Крива Река кај Крива Паланка, на Брегалница кај Берово, а преполовени се на Сатеска кај Ботун, како и на Црна Река кај Новаци.

Минимално зголемување бележат Струмица кај Сушево и Пчиња кај Катлановска Бања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП