18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинези го купуваат Fiat?

Кинези го купуваат Fiat?

Кинеската компанија „Great Wall Motor“ наскоро ќе упати официјална понуда за преземање на компанијата „Fiat Chrysler“, односно, како што пренесува Ројтерс, „заинтересирана е за сите или за одделни сегменти од производство“ на седмиот по големина светски производител на автомобили.

Од друга страна. „Great Wall Motor“ е најголемиот светски производител на џипови и автомобили со погон на четири тркала, па познавачите претпоставуваат дека во фокус на преговорите на двете компании е брендот „Jeep“ во сопственост на „Fiat Chrysler“.

Вредноста на акциите на „Fiat Chrysler“ денес порасна за 3,5 проценти на миланската берза, а во целиот квартал скокна за речиси четвртина, со што целокупната вредност на компанијата е проценета на околу 19 милијарди долари. Сепак, аналитичарите од банката „Morgan Stanley“ сметаат дека само брендот „Jeep“ може да достигне вредност од околу 27 милијарди американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП