29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Литванија пристигна првата испорака на американски гас

Во Литванија пристигна првата испорака на американски гас

Во Литванија пристигна првата испорака на природен течен гас од САД, што претставува пресвртница која на балтичките земји им дава надеж дека ќе ја намалат зависноста од Русија.

Американскиот товарен брод со околу 150.000 кубни метри гас пристигна денес на пристаништето во градот Клајпед.

Од Министерството за енергетика на Литванија е соопштено дека САД веќе станале најважниот стратешки партнер, и дека сега стануваат и доверлив снабдувач на природен течен гас за целиот регион, пренесува АП.

Москва ги искористи ресурсите на гас за да изврши притисок на Украина, што ја предизвика потребата за проекти со кои би се намалила зависноста на земјите од поранешниот Советски Сојуз од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП