20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се заоструваат критериумите за увоз на лекови

Ќе се заоструваат критериумите за увоз на лекови

Власта почнува со постапка за донесување предлог-закон за лековите и медицинските помагала, кој предвидува воведување построги критериуми во постапката на добивање на одобрение за паралелн увоз на лекови со кои се очекува да се подобри контролата на лековите кои се увезуваат по пат на паралелен увоз во Македонија.

Во досегашната примена на Законот било констатирано дека на налепницата што се наоѓа на надворешното оригинално пакување на лекот има недоволно податоци за лекот за соодветна примена и ракување, како и дека критериумите во постапката на добивање на одобрение за паралелен увоз на лекови се недоволни за да се подобри контролата на квалитетот на лековите.

Известувањето за подготовката на предлог-законот е достапно на Единствениот национален електронски регистар на прописи при што може да се доставуваат писмени мислења, забелешки и сугестии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП