29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗК Пелагонија АД Битола прокнижи висока загуба за периодот јануари-јуни 2017 година

ЗК Пелагонија АД Битола прокнижи висока загуба за периодот јануари-јуни 2017 година

ЗК Пелагонија АД Битола за периодот јануари-јуни 2017 година прокнижи загуба од околу 110 милиони денари.

Подоле е објаснувањето на компанијата за сработеното во првото полугодие од 2017 година:

а. ЗК Пелагонија АД Битола во деловната 2017 година нема извршено никакви промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи во однос на последните ревидирани финансиски извештаи.

б. Во анализираниот пресметковен период на финансиските извештаи од деловната 2017 год. остварени се оперативни приходи на износ од 453.997 илјади денари, и истите бележат зголемување од 6,28 % во однос на истиот пресметковен период од минатата година.

Во структурата на оперативните приходи највисока е ставката на приходите од продажба на добра и услуги кои опфаќаат 90,37 % од вкупните оперативни приходи или износ од 410.307 илјади денари. Приходите од продажба бележат тренд на зголемување во однос на претходната година и истите се зголемени за 21,30 %. Зголемувањето на приходите од продажба е како резултат на зголеменото производство на млеко.

Останатите оперативни приходи кои опфаќаат износ од 1.762 илјади денари учествуваат со 0,38% во вкупните оперативни приходи и истите бележат намалување од 96% во однос на претходната година. Во деловната 2017 год. се јавува значително  намалување на приходите од субвенции, односно во оваа деловна година не се евидентирани приходи од субвенции и истите ќе се наплатат во второто полугодие од  2017 година.

в. Остварените оперативни расходи во деловната 2017 година опфаќаат износ од 653.487 илјади денари и истите се поголеми во однос на оперативните приходи за износ од 199.490 илјади денари или за 43,94 % .

Промената на вредноста на залихите во анализираниот пресметковен период за тековната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира приходна ставка во износ од 109.314 илјади денари и Друштвото оствари оперативна загуба на износ од 90.176 илјади денари.

Остварената оперативна загуба во пресметковниот период од тековната година бележи пораст во однос на истиот пресметковен период на претходната година во апсолутен износ од 56.089 илјади денари.

Зголемување на оперативната загуба  во овој  пресметковен период се јавува како  резултат на погоре наведената констатација  за наплата на  субвенции во 2017 година.

Во истиот анализиран период ЗК Пелагонија АД Битола продолжува со нови инвестициони вложувања, како резултат на што, финансиските расходи се поголеми од финансиските приходи за износ од 19.052 илјади денари, што од своја страна го намалува нето финансискиот ефект од работењето на Друштвото, и се оствари загуба од редовно работење на износ од 109.228 илјади денари.

г. Во деловната 2017 година нема исплата на дивиденда.

д. Во однос на вложувањата во постојани средства, битно е да се истакне дека компанијата континуирано  инвестира.

Најголеми инвестирања се извршени во следното:

– изградба на современи краварски штали,

– инвестиции во молзилишта,

– изградба на силотрап за силажа,

– набавка на боксови за телиња и креветчиња за телиња итн.

Долгорочните финансиски вложувања со состојба 30.06.2017 година се зголемени за 4,56% или во апсолутен износ од 41.734 илјади денари. Во структуралното учество на порастот на долгорочните финансиски вложувања значајно место имаат вложувањата во зголемување на основната главнина на капитално поврзаните субјекти.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП