28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарди и Леванте започнаа со победа над Виљареал (видео)

Барди и Леванте започнаа со победа над Виљареал (видео)

Фудбалерите на Леванте со победа ја започнаа повратничката сезона во најсилната шпанска конкуренција. Македонскиот репрезентативец Енис Барди започна во стартната постава, а на теренот беше до 70.минута кога беше заменто со Дукуре.

Леванте го совлада Виљареал со 1:0 (0:0) во претпоследниот натпревар од воведното коло во Ла Лига.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Хосе Луис Моралес од пенал во 88.минута.

Енис Барди на овој натпевар го имаше своето деби во Ла Лига и на теренот мина 70.минути, кога беше заменет со интернационалецот од Брегот на Слонова коска, Дукуре.

Леванте во наредното коло одново ќе биде домаќин, на 26.август на „Сиудад де Валенсија“ ќе гостува Депортиво Ла Коруња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП