25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООстоја Стјепановиќ потпиша едногодишен договор со Работнички

Остоја Стјепановиќ потпиша едногодишен договор со Работнички

Македонскиот репрезентативец Остоја Стјепановиќ (32) е најновото засилување на Работнички откако со „романтичарите“ потпиша едногодишен договор. Искусниот Стјепановиќ треба да биде големо засилување во средниот ред за тимот на Виктор Треневски оваа сезона.

„Добиваме навистина квалитетно засилување со репрезентативецот Стјепановиќ, кој искрено се надевам ќе ни помогне да стигнеме до нашите цели и амбиции во новата сезона“, истакна по промоцијата претседателот на Работнички, Драган Поповски.

„Доаѓам во клуб со високи амбиции, сигурно еден од најдобрите на домашната фудбалска сцена. Лесно постигнавме договор со раководството на клубот за идна меѓусебна соработка. Верувам дека и во иднина ќе продолжат резултатските успеси на тимот како и досега“, рече Стјепановиќ.

Претходен клуб на Стјепановиќ беше полскиот Сласк Вроцлав, а во својата богата кариера има настапувано и за Македонија ЃП и Вардар во Македонија, како и српските Партизан, Чукарички и ОФК Београд, австрискиот Матерсбург, Висла Краков во Полска, како и АЕЛ Лимасол на Кипар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП