20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕTrident Hotel – Традиционална мешавина на луксузот (фото)

Trident Hotel – Традиционална мешавина на луксузот (фото)

Индија е навистина неверојатно место, полно со знаменитости и звуци кои ги маѓепсуваат посетителите и локалното население…

Оваа земја во која се наоѓа „Trident Hotel“, подготвено ќе ве пречека да ја започнете својата авантура со уживање во неверојатното искуство на хотелската услуга. Сместен е длабоко во бизнис областа Гургаон, а опкружен е со прекрасни градини кои му даваат рајски изглед.

Кога ќе пристигнете во овој хотел, стресот од секојдневието ќе изчезне а вие ќе останете без зборови. Уметнички уредените градини, примамливите базени и фонтани се дел од шармот на овој хотел. „Tridend Hotel“ има заобени линии, модерен стил и традиционален вкус, што според многумина е совршена комбинација.

Во средината на бучавата и гужвата на овој регион, „Trident Hotel“ ви овозможува приватност и место за релаксација во своите 129 соби и седум ексклузивни апартмани, кои подготвено ги дочекуваат гостите кои сакаат да го искусат индиското гостопримство. Хотелот поседува четири ресторани кои нудат најразлични видови на специјалитети од локалната и интернационалната ујна.

Ви препорачуваме да го посетите и „Spa by Angsana“, кој ќе ви даде можност да ги пробате традиционалните ајурведски третмани. Се што треба да направите е комплетно да се релаксирате и уживате, за другото ќе се погрижи персоналот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП