20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИ ова делува на работната ефикасност

И ова делува на работната ефикасност

Како е поставен компјутерот во однос на положбата на телото? Можеби тоа е клучната причина зошто вашето работење е добро или пак не сте нешто посебно мотивирани.

Дали седнувате пред вашиот компјутер без мотивација и желба да ја завршите работата која ви е дадена? Можеби ќе мора да ја подгледнете одблиску положбата на вашиот монитор. Дали неговиот центар е над или под линијата на вашите очи? Неодамнешните истражувања покажаа дека дури и позицијата на телото може да има сериозно влијание на вашата ефикасност.

Во 1980 Џон од Тексас одлучил да го истражи влијанието на положбата на телото врз упорноста и ефикасноста на некои лица. Половина од испитаниците седеле во лоша положба, со преклопени раце и спуштени глави, а останатите биле исправени и добро позиционирани.

По три минути седење на испитаниците им биле дадени загатки. Многу од загатките немале кончено решение, бидејќи Ричард бил најмногу заинтересиран колку учесниците ќе успеат да издржат пред да го препознаат неуспехот. Тој заклучил дека оние кои седеле добро и биле исправени се обидувале двојно повеќе во однос на останатите.

Неодамна психолозите замолиле испитаници да решаваат сложени проблеми на својот компјутер. Еден дел од испитаниците седеле на биро со ниско поставен монитор.. А другите испитаниџи седеле исправени пред мониторот чија средишна линија била поставена благо над нивниот поглед. Резулатите покажале дека втората група имала значително подобри резултати.

Заклучок, поставеноста на телото во однос на компјутерот, комфорот, фоксуната точка, исправеноста или кратко кажано добрата позиционираност ве прават поефикасни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП