23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП: Вработени "амнестирале" даночни обврзници од плаќање на данок

УЈП: Вработени “амнестирале” даночни обврзници од плаќање на данок

Денес, директорката на УЈП Сања Лукаревска објави дека триесет и седум компании од Скопје потпомогнати од врботени во УЈП во текот на 2015 и 2016 година успеале да избегнуваат наплата на милионски долгови за данок на добивка.

Таа рече дека меѓу компаниите има и приватни и државни фирми и оти поголем дел од нив се познати на јавноста и се дел од листата на должници што ја објавува Управата за јавни приходи.

Меѓу фирмите помал број се државни, а според дејноста со која се занимаваат имало од различно работење.

За случајот, како што рече директорката, против две лица вработени во УЈП се води дисциплинска постапка, но дека истрагата ќе се проширува.

Меѓу инволвираните, како што истакна, се и лица на високи раководни функции одговорни за мониторирање на системот.

“По основ на добиени информации и одредени сознанија за постоење незаконски дејствија и интервенции во системот на УЈП за данок на добивка, утврдено е дека свесно и намерно со интервенција и насоки од вработени во УЈП, извршено е изземање на 37 правни лица од постпаки на присилна наплата, односно овие фирми подолг временски период биле отстранувани од листите за генерирање опомени за наплата на долгови за данок на добика, што е услов за отпочнување постапки за присилна наплата”, рече Лукаревска.

Појасни дека сите 37 фирми биле ставени во привилигирана позиција на начин што во електронскиот систем на УЈП за данок на добивка била овозможена посебна програма за забрана за печатење опомени за долгови по основ на данок на добивка, која овозможувала подолг период, односно околу две години даночните обврзници да бидат изземени од постапки за присилно наплатување на евидентирани милионски долгови.

Таа истакна дека и покрај тоа што службите на УЈП имале обврска да го монитотираат целокупниот процес и да ги преземат сите неопходни мерки за издавање опомени согласно евиденцијата и состојбата на долговите за даночните обврзници и да преземат мерки за отпочнување даночни постапки, тоа не било сторено токму за овие 37 фирми, цели две години. Порача дека секој е должен да плаќа данок на начин утврден со закон.

“Никој нема да биде привилигериан надвор од Законот, ниту даночните обврзници, ниту бизнисите, ниту сметководителите, ниту граѓаните, а најмалку вработени во УЈП. Залоупотреба на положбата на даночниот службеник за остварување каква било корист за друго службено лице или за друго правно или физичко лице нема да се толерира и за сите инволвирани ќе бидат покренати постапки”, рече директорката на УЈП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП