29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНема повеќе тајни - знаеме како изгледа LG V30

Нема повеќе тајни – знаеме како изгледа LG V30

На 31. август LG планира да го открие својот мултимедијален предводник V30, но сега е јасно како изгледа – благодарение на еден корисник на Твитер.

Јужнокорејската компанија започна да го најавува моделот V30 на официјалните канали, најпрвин изјаснувајќи се околу можностите на камерата на овој уред.

За неа наведоа дека е речиси магична и дека носи нова револуција во светот на мобилните камери.

Исто така познато е дека уредот ќе има OLE FullVision екран од 6 инчи QHD+, како и дека тој ќе ја сочинува речиси цела предна страна од уредот со благо закривените рабови.

Во однос на претходникот работвите се намалени за 20 и 50 проценти, па телото на уредот всушност е помало од V20.

Се на се – LG V30 изгледа едноставно прекрасно и би можел да украде барем малку од вниманието на оние кои се насочија кон претстојниот Galaxy Note 8 на Samsung. На приказот јасно е видливо дека LG овој пат се одлучи да го отстрани секундарниот екран познат од претходните модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП