17 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската влада ги забрани инвестирањата на компаниите во странство

Кинеската влада ги забрани инвестирањата на компаниите во странство

Кинеската влада продолжува да ги запира инвестициите на домашните компании во недвижнини, спорт, забава и други сектори во странство.

Ова доаѓа по низата аквизиции вредни повеќе милијарди долари кои ги спроведоа кинеските компании во последните неколку години.

Со документот, кој го објави Државниот совет, односно кинеската влада, се ограничуваат прекуморските инвестиции во хотели, кина, во индустријата за забава, недвижнини и спортски клубови, пренесува агенцијата АП.

Исто така целосно се забрануваат инвестициите во коцкарниците.

Ова е најновиот потег на кинеските регулатори кои настојуваат да ја запрат серијата аквизиции на домашните компании во странство, наведувајќи ја како причина загриженоста дека кинеските компании кои се вклучени во преземањата можат да влезат во преголеми долгови.

Еден од тие конгломерати, кинеската „Vanda Group“, стана најголем светски кино оператор со купувањето на американскиот ланец кина AMC. „Vanda“ минатата година на тој ланец му ја додаде и ривалската мрежа на кина „Carmike Cinemas“, која ја презема за 1,2 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП