18 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJeep Grand Cherokee подготвен за Европа

Jeep Grand Cherokee подготвен за Европа

cheroki

Од своето прво претставување на пазарот во 1992-та година „Jeep Grand Cherokee“ нуди подобрени вредности, чувство на слобода, автентичност, авантура и страст кон брендот. „Grand Cherokee“ претставува стандард во однос на снагата, комфорот, иновацијата и умешноста.

Сега пристигнува најнова верзија на споменатиот модел направен според спецификациите за европскиот пазар. Овој модел е опремен со нова трансмисија која значително ја намалува потрошувачката на гориво и емисијата на штетни гасови со унапредено забрзување и осигурување на побрза и многу понежна промена на степените на пренос.

cheroki2

Новиот дизајн на ентерирерот и екстериерот го карактеризираат поединечно секое ниво на опрема на овој модел за 2014-та година и тоа на единствен начин. Од стандардната опрема треба да се наведат само би-ксенонските светла со ЛЕД светла за дневно возење, нов дизајн на тркалата и нова комбинација на бои за внатрешноста и надворешноста на возилото.

„Jeep Grand Cherokee“ го придвижува ефикасен 3.0 литарски турбо мотор со директно вбризгување. Станува збор за V6 „common-rail“ дизел мотор кој е опремен со „Multijet II“ технологијата, додека љубителите на бензинските мотори на располагање ќе имаат дури три агрегати и тоа 3.6L „Pentastar“ V6, легендарниот 5.7L V8 мотор и моќниот 6.4L HEMI B V8 мотор.

cheroki1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП