18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристички бум во Европа

Туристички бум во Европа

Сите европски земји во првите пет месеци доживеаа голем раст на бројот на туристи, главно поради неизвесната политичка ситуација и терористичките напади во светот и излегувањето на Велика Британија од ЕУ, извести Европската комисија за патување (European Travel Commission – ETC) со седиште во Брисел, во своето јулско истражување.

Според бројот на посети најмногу се истакна Исланд, кој оваа година забележа 5,7 проценти повеќе странски туристи отколку во истиот период минатата година.

Исланд, како што наведуваат од EТC, во моментот е најпосетената туристичка дестинација во Европа, растот на туристичките посети во оваа нордиска земја се остварува веќе седма година по ред. За четвртина повеќе посети бројат во Црна Гора, посетите на Малта се зголемени за 23 проценти, на Кипар за 18 проценти. Раст на посетите бележи и Финска (18 проценти), а исклучително добри туристички резултати оствариле и Португалија, Србија и Хрватска, каде растот на странските посетители изнесувал 15 проценти.

Пад на туристичките посети е регистриран само во Турција, бидејќи бројот на посети од странски гости во првите пет месеци оваа година во однос на истиот период минатата година е намален за 8 проценти, главно поради неизвесната политичка ситуација во земјата.

Поради зајакнувањето на економскиот раст во Европа, туристичкиот тек е незначително променет. Така, на пример, британските, германските, француските и италијанските туристи се насочиле во земјите во кои можат на себеси да си дозволат повеќе, како што е Бугарија. Балканските и балтичките земји исто така имале висок раст на бројот на посети и ноќевања на странските туристи. Во првите пет месеци оваа година посетите на туристи во Бугарија се зголемени за 26 проценти, во Латвија за 23 проценти, а во Полска за 21 проценти.

Европските земји оваа година доживеаа вистински терористички бум. Без оглед на заканите од терористичките напади, Европа останува најсигурната туристичка дестинација на глобално ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП