19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес дожд и грмежи, температурата до 29 степени

Денес дожд и грмежи, температурата до 29 степени

Променливо облачно и во средината на денот нестабилно со повремени врнежи од пороен дожд и грмежи, најавува УХМР за денес. Ќе дува повремено засилен ветер особено вдолж Повардарието и кон истокот.

До крајот на денот врнежите ќе престанат. Максималната температура денес ќе е во интервал 22 до 29 степени.

Минимални температури има 14 Ѓуриште, Лазарополе, Крушево, Маврово, 15 Претор, 16 Пожаране, Охрид, Кр. Паланка, Берово, Охрид А., Тополчани, 17 Виница, Куманово, Прилеп, 18 Тетово, Битола, Дојран, Штип, Скопје, 19 Д. Капија, Скопје Петровец, Струмица, 20 Гевгелија.

Утре ветерот се уште повремено ќе засилува но ќе започне период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП