28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД Скопје со добивка од над 20 милиони евра за...

Стопанска банка АД Скопје со добивка од над 20 милиони евра за периодот јануари-јуни 2017

Во текот на првата половина од 2017 година Стопанска Банка АД Скопје оствари нето добивка пред оданочување во износ од МКД 1.308.762 илјади или нешто повеќе од 21 милиони евра, што е повеќе за 7,6% споредено со истиот период од минатата година.

При тоа, пооделни ставки од билансот на успех ги регистрираа следните движења:

Приходите од камати изнесуваат МКД 2.217.531 илјади, и истите се пониски за 0,6% во однос на првата половина од 2016 година, пред се како резултат на сеуште надолниот тренд на движење на каматните стапки

-Расходите за камати исто така забележаа пад за МКД 79.351 илјада денари, поради погоре наведените причини

-Нето приходите од провизии и надомести забележаа пораст од скоро 4% како резултат на порастот на провизии за 3% и истовремено намалување на расходите за провизии за 5,8%.

Останатите приходи од дејноста забележаа пораст за МКД 40.531 илјади, додека останатите расходи од дејноста забележаа пад за 2% и истите изнесуваа МКД 496.933 илјади. Во првата половина на 2017 година СБ издвои исправка на вредност на финансиските средства во износ од МКД 301.817 илјади денари, што е повеќе за 13,6% во однос на истиот период од минатата година. Загубата поради оштетување на нефинансиски средства изнесува МКД 17.970 илјади, што претставува намалување во однос на истиот период од 2016 година, пред се како резултат на намалениот износ на нефинансиски средства.

Трошоците за вработените останаа релативно непроменети и истите изнесуваат МКД 384.470 илјади.

Како резултат на наведените параметри, заработката по акција за првата половина од 2017 година изнесува МКД 74,96, поголема за 7,6% во однос на 2016 година, истиот период. На задоволство на акционерите, покрај редовната исплата на дивиденда на имателите на приоритетни акции, Банката на 30.06.2017 година исплати дивиденда на имателите на обични акции во бруто износ од МКД 127 по акција.

Кредитните активности на Банката не забележаа позначителни промени во однос на споредбениот период од минатата година, додека депозитите на други комитенти забележаа пораст од МКД 724.249 илјади, или 1,06%, што е показател за довербата на клиентите во Банката и атрактивноста на депозитните производи кои ги нуди на пазарот.

Својата општествена одговорност Банката ја покажува преку поддршка на многу проекти и социјални настани, од кои би го издвоиле проектот “ Вози здраво вози право”, што претставува ревијална трка кој се организираше по втор пат, и на која трка учествуваа над 3500 учесници, од сите возрасти, со цел да се поттикнат здравите навики на населението за употреба на велосипедите како секојдневно превозно средства. Во рамките на овој проект СБ донираше урбана опрема наменета за развој на велосипедизмот.

Стопанска Банка АД Скопје ја продолжува својата мисија на успешна, клиентски ориентирана и иновативна банка, посветена пред се на клиентите и нивните потреби и истовремено фокусирана на исполнување на сите квантитативни и квалитативни перформанси преку кои се мери успешноста на работењето, од аспект на сите заинтересирани страни – клиентите, пошироката општествена заедница, вработените и акционерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП