20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАУтре промоција на романот „Род“ во Стара Чаршија

Утре промоција на романот „Род“ во Стара Чаршија

Утре во кафе барот Ла Кања во Скопската чаршија со почеток од 21 часот ќе се одржи промоција на романот „Род“, издание на ИЛИ-ИЛИ, со гостување на авторот Миљенко Јерговиќ. Промоцијата е дел од програмата Креативна Европа.

„Род“ е книга за големите војни во малите земји кои по правило никогаш не завршуваат, но и роман што се занимава со сето она што официјалната политика сака да го скрие под тепих. Роман за идентитети што ги силуваат националните митови, токму во име на идентитетите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП