24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕден починат во тешката автобуска сообраќајка кај Велес

Еден починат во тешката автобуска сообраќајка кај Велес

Еден патник во превртениот автобус им подлегнал повредите, информираа од министерството за здравство. Според информациите, се работи за жена која била примена меѓу првите пациенти во Ургентниот центар.

Од министерството доцна вечерва излегоа со информација за состојбата на сите хоспитализирани лица од сообраќајката:

„На Универзитетската клиника за хируршки болести Св. Наум Охридски се примени шест лица од кои само еден повозрасен маж е на интензивна нега, но е во стабилна состојба. Сите други пациенти се надвор од животна опасност. Во Општа болница Велес се примени четири пациенти и сите се надвор од животна опасност. Во клиничкиот центар Мајка Тереза донесени се вкупно 17 пациенти од кои четири на КАРИЛ- еден пациент е внесен со абдоминално крварење, еден со торакална сериозна повреда и двајца со торакални повреди. За жал, еден од повредените им подлегна на повредите. Еден пациент на Детска хирургија, внесен итно на операција; Двајца пациенти на Неврохирургија, примени на обсервација; Седум на ортопедија, примени на обсервација; Тројца повредени се во моментов на обсервација во Ургентниот хируршки центар. Во Градската болница „8 Септември“ примен е само еден пациент со сериозни повреди, меѓутоа е во стабилна состојба и надвор од животна опасност. Министерството за здравство упатува сочувство до семејството на починатото лице и им посакува брзо опоравување на повредените“, информираа од министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП