23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрендот „Тритекс“ отвори нова фабрика во индустриската зона Прилеп 1

Брендот „Тритекс“ отвори нова фабрика во индустриската зона Прилеп 1

Во индустриската зона „Прилеп 1“ е отворена нова фабрика, инвестиција на текстилниот бренд „Тритекс“.

Во новиот капацитет на површина од 4.000 метри квадратни ќе има околу 300 нови вработувања, рече синоќа на отворањето на фабриката сопственикот Дејан Наумовски, информира општина Прилеп.

Симон Наумоски, претседател на Одбор на директори на П.И. „Витаминка“ а.д. Прилеп, пак, во име на Стопанската комора, посакал успех и уште многу нови објекти за пуштање во употреба.

Во индустриска зона во Прилеп, посочил градиначалникот Марјан Ристески, пред четири години се продадени 21 локација, а фабриката на „Тритекс“ е 11 изграден објект.

Компанијата „Тритекс“ работи на пазарот 20 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП