29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНавики кои не ви дозволуваат да ги намалите килограмите

Навики кои не ви дозволуваат да ги намалите килограмите

Следните пет навики доста чести се и кај луѓето кои внимаваат на нивното здравје, a поради нив и се дебелеат. Тргнете ги од вашата секојдневна рутина и намалете ги масните наслаги. Ќе го поправите и нарушеното здравје.

1. Не пиете доволно вода

Дехидратацијата го забавува метаболизмот, а тоа му отежнува на процесот на слабеење. Не чекајте грлото да ви се исуши, наместо тоа, редовно пијте вода.

2. Често јадете надвор

Храната во рестораните е полна со масти, сол и шеќер – трите работи кои и даваат вкус на храната и кои подбро ја продаваат. Поради тоа јадете повеќе и внесувате повеќе калории отколку што е потребно. Се што вие сами би подготвиле дома би имало помалку калории. Сетете се на разликата меѓу вашата салата и салатата со илјадници сосови која ја купувате во град.

3. Не спиете доволно

Многумина ги мачи несоница, но наместо да преземат нешто, тие упорно конзумираат кофеински напитоци по ручекот. Три часа пред заминување во кревет не е добро ниту да се јаде а ни претерано да се пие, така полесно ќе заспиете и плус ќе внесете помалку калории.

4. Мислите дека забрзаниот стил на живот топи калории

Стресот всушност дебелее. Со појавата на стрес се зголемува ослободувањето на кортизол, а хроничниот стрес предизвикува хронично зголемување на нивото на хормонот кортизол во крвта. Ова го забавува метаболизмот и доведува до потреба за храна (емоционална потреба).

5. Вежбате секогаш исто

Секој пат кога вежбате, изведувате исти вежби. Користите исти справи, ист ритам и подеднакво долго вежбате. Поради оваа рутина немате успех. Телото се навикнува на темпото и напорот кој му го давате и не троши калории туку се прилагодува на веќе познатата ситуација. Забрзајте го ритамот и зголемувајте го нивото на вежби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП