19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва се најпопуларните телефони на светот

Ова се најпопуларните телефони на светот

Компанијата Strategy Analytics ја објави информацијата за последното истражување за состојбата на пазарот на паметните телефони и продажбата, односно популарноста на мобилните уреди.

Станува збор за податоците за вториот квартал оваа година, односно за периодот помеѓу април и јуни, па не е тешко да се заклучи кои се најпопуларни, односно најпродавани телефони на светот – iPhone и Samsung S8, односно S8+.

Најпопуларен телефон е iPhone на Apple – „седмицата“ е испорачана во речиси 17 милиони примероци, со што овој смартфон зазема 4,7 проценти од пазарот, додека поголемиот модел на „семицата“ е втор најпопуларен телефон.

Испораките на iPhone 7 Plus во овој период изнесувале 15,1 милион примероци и овој уред заземал 4,2 проценти од пазарот.

Втор најпопуларен Android на светот во вториот квартал е, секако, Galaxy S8 на Samsung чиј број на испораки надминал десет милиони примероци, со што заземал 2,8 проценти од пазарот, додека бројот на испораки на поголемиот модел S8+ стигнал до бројка од 9 милиони испорачани уреди. Петтото место на оваа листа го зазема Xiaomi со смартфонот Redmi 4A со 5,5 милиони испораки.

Во текот на овој тромесечен период вкупно се испорачани повеќе од 360 милиони паметни телефони, а ќе биде интересно да се види како ќе изгледаат овие листи на најпопуларни телефони во третиот, а посебно во четвртиот квартал од оваа година, кога ќе почне продажбата на новиот модел на Samsung – Galaxy Note, новите iPhone, Nokia, моделот V30 на LG и паметните телефони Pixel на Google.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП