23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСинсинати: Кирјос го совлада Надал (видео)

Синсинати: Кирјос го совлада Надал (видео)

Австралискиот тенисер Ник Кирјос се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати, откако успеа да го совлада Рафаел Надал со 6:2, 7:5.

Лошото момче на светскиот тенис уште еднаш потврди дека најдобро игра против најдобрите, максимално го искористи лошито старт на Надал и победи во два сета.

Кирјос, во првиот сет, против новиот број 1, направи два брејка и лесно стигна до 6:2. Во вторито сет пресуден беше 11 гем, кој Кирјос на сервисот на Надал го освои без загубен поен.

Австралиецот во полуфиналето ќе игра против ветеранот Давид Ферер, кој успеа да го совлада Доминик Тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП