19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО15-та победа по ред за Монако (видео)

15-та победа по ред за Монако (видео)

Фудбалерите на Монако со победа во Мец го отворија третото коло во францускиот шампионат. Актуелниот првак забележа минимална победа со голот на Радамел Фалкао постигнат во 77.минута.

Ел Тигре мајсторски прифати една топка од Гезал, го претрча претрча дефанзивецот на Мец и успеа да го совлада противничкиот голман.

Победата во Мец беше 15 во низа за Монако во француското првенство. Монако има неверојатна низа, на последните 23 натптревари има скор од 21 победа и две нерешени.

Последен пат Монако загуби првенствен натпревар од Лион, на 18.декември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП