20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLenovo неочекувано во загуба

Lenovo неочекувано во загуба

Компанијата Lenovo неочекувано пријави загуба за вториот квартал за 2017 година, по падот на нејзиниот удел на глобалниот пазар за пресонализирани компјутери.

Податоците покажуваат дека и нејзината единица за смартфони продолжила да губи пари, пренесува агенцијата Блумберг.

Најголемиот производител на компјутери во Кина објави нето загуба од 72 милиони долари во три месеци заклучно со јуни, што е прва загуба во шест квартали и значително под проекцијата за заработка од 32,9 милиони долари.

Тоа влијаеше на падот на вредноста на акциите на компанијата за дури 4,2 проценти на берзата во Хонг Конг, на најниско дневно ниво во повеќе од една година.

Приходот во извештајниот период опадна на 10 милијарди долари, што е благо над прогнозата од 9,9 милијарди долари.

Lenovo ја загуби позицијата најголем светски производител на компјутери откако компаниите HP и Dell ги повратија купувачите со новите модели.

Бизнисот на Lenovo во секторот за смартфони и сервери, во кои компанијата влезе по пат на аквизиција вредна повеќе милијарди долари, и понатака не донесува заработка поради ограничување на понудата, зголемените трошоци и агресивните цени на конкурентите.

Главниот оперативен директор Џанфранко Ланчи изјави пред новинарите дека очекува дека цените на основните компоненти како што се мемориските чипови да продолжат да растат во текот на цела година, иако со побавно темпо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП