16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежниот сектор во ЕУ со раст од 3,6 проценти

Градежниот сектор во ЕУ со раст од 3,6 проценти

Производството во секторот градежништво е зголемено за 3,4 проценти во земјите кои го користат еврото, споредувајќи го јуни оваа година со истиот месец во претходната година.

На нивото на 28-те земји членки на ЕУ тоа зголемување изнесува 3,6 проценти, објави Евростат.

Како што пишува, производството во секторот за градежништво опадна во јуни оваа година за 0,5 проценти во еврозоната, а во ЕУ за 0,2 проценти во споредба со мај месец оваа година.

Меѓу државите членки чии податоци се достапни, како што велат од Еуростат, намалено производство во градежништвото е забележано во Германија (еден процент), Белгија и Франција (0,7 проценти) и Обединетото Кралство (0,2 проценти).

Најголемо зголемување на продуктивноста во овој сектор бележи Словенија (12,1 проценти), Шпанија и Словачка (2,2 проценти) и Полска (2,1 проценти).

Исто така, како што наведуваат, зголемување е забележано во Унгарија, Шведска и Полска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП