25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес сончево и топло, во недела локални врнежи од дожд

Денес сончево и топло, во недела локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала облачност, особено во западните делови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Вредноста на УВ индексот ќе биде 8.

Дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 32 до 39 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од 17 во утринските часови, до 37 степени преку ден.

Топло ќе биде и в недела, но во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и ноќта кон понеделник, оваа облачност ќе биде проследена со локален пороен дожд и грмежи. Позначителна промена на времето се очекува во понеделник кога ќе преовладува променливо облачно, ветровито и свежо време со локални врнежи од дожд и ретки грмежи.

Во западните делови на некои места можни се поинтензивни врнежи. На повеќе места ќе дува засилен северен ветер, особено попладне и ќе предизвика значително опаѓање на дневната температура за околу 10 степени, која ќе биде во интервалот од 20 до 29 степени.

Од вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура, но во рамките на просекот за овој период од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП