28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛа Лига започна со победи на Леганес и Валенсија

Ла Лига започна со победи на Леганес и Валенсија

Со минимални победи на Леганес и Валенсија започна 87 сезона во фудбалскиот шампионат на Шпанија.

Новата сезона ја отворија Леганес и Алавес, тимови кои се сретнаа во последното коло од минатата сезона. Во преградието на Мадрид, пред 9.000 гледачи, домаќинот леганес оствари минимална победа со голот на Габриел во 24.минута.

Алавес седум минути претходно не успеа да реализира пенал. Непрецизен беше капитенот на тимот Ману Гарсија.

Еден гол го реши и победникот на дуелот помеѓу Валенсија и Лас Палмас кој се одигра на „Местаља“. Италијанецот Симоне Заза беше стрелец во 22.минута.

Лас Палмас еден час играше со играч помалку бидејќи директен црвен картон доби Халиловиќ.

Во сабота на програмата се три натпревари од првото коло: Селта-Реал Сосиедад, Џирона-Атлетико Мадрид и Севилја-Еспањол.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП