24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн со триумф ја започна одбраната на титулата (видео)

Баерн со триумф ја започна одбраната на титулата (видео)

Фудбалерите на Баерн Минхен со победа над Баер Леверкузен (3:1) ја започнаа одбраната на титулата во Бундеслигата.

Головите за Баерн ги постигнаа Зуле во деветтата, Толисо во 19. и Левандовски во 53.минута од пенал. Полјакот го постигна 114 гол во дресот на Баерн и се искачи на десеттото место на вечната листа на најдобрите стрелци во историјата на клубот.

Единствениот гол за Леверкузен го постигна Мехмеди во 65.минута.

Останатите натпревари од првото коло ќе се одиграат викендов.

Сабота: Хофенхајм-Вердер, Херта-Штутгарт, ХСВ-Аугзбург, Мајнц-Хановер, Волфсбург-Борусија Дортмунд, Шалке-Лајпциг

Недела: Фрајбург-Ајнтрахт и Борусија Менхенгладбах-Келн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП