18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДејвисон Санчез ја засили дефанзивата на Тотенхем

Дејвисон Санчез ја засили дефанзивата на Тотенхем

Дејвисон Санчез, младиот фудбалер на Ајакс од Амстердам е првото засилување за Тотенхем во актуелниот преоден рок.

Санчез има 21 година игра на позцијата централен дефанзивец, а со Тотенхем потпиша договор до 2023 година.

Лондонскиот клуб не ја објави сумата која ја издвоил за трансферот, но според медиумските шпекулации Тотенхем за Санчез платил 42 милиони евра, што преставува нов клупски рекорд.

Дејвисон Санчез кариерата ја започна во Атлетико Насионал, за овој клуб дебитираше на 17-годишна возраст, а во 2016 година го освои Копа Либертадорес. За Ајакс одигра 47 натпревари, а минатата сезона играше и во финалето во Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП