19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Франција на минимум

Невработеноста во Франција на минимум

Стапката на невработеност во Франција во вториот квартал од 2017 година падна на најниското ниво во последните пет години.

Тоа го покажаа денешните официјални бројки, што, како што оценува агенцијата АФП, може да го поддржат новиот францукси претседател Емануел Макрон кој во предизворната кампања ветуваше намалување на невработеноста, а во моментов се соочува со пад на рејтингот само три месеци по неговиот мандат.

Стапката на невработеност во периодот април-јуни опадна за 0,1 поен на 9,5 проценти, покажаа прелиминарните податоци на француската статистичка агенција Инсее, сведувајќи ја на ниво кое последен пат е забележано на почетокот на 2012 година пред изборот на поранешниот социјалистички претседател Франсоа Оланд.

Инсее наведе дека во Франција има вкупно 2,81 милион луѓе без работа, што е за 20.000 помалку во однос на претходниот квартал и за 140.000 помалку на годишно ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП