28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛош избор на продукти: Храна која ќе ви ја намали енергијата

Лош избор на продукти: Храна која ќе ви ја намали енергијата

Лошата исхрана предизвикува повеќе проблеми во човековиот организам, можеби во моментов не ги чувствувате но тие набрзо ќе ве совладаат. Научете правилно да ја селектирате хранатa и секогаш избегнувајте ги намирниците кои освен што ќе ви наштетат, ќе ви ја одземат и енергијата.

Вештачки засладувачи

По варењето на храната се создаваат шеќерни алкохоли како што се манитол, сорбитол и ксилитол кои го вознемируваат желудникот и ја одземаат енергијата. Гледајте да го ограничите консумирањето на гуми за џвакање со вештачки засладувачи.

Енергетски пијалаци

Поголемиот дел од енергетските пијалаци во себе содржат кофеин, шеќер и останати состојки кои наеднаш ќе ве снабдат со енергија. Но, затоа пак подоцна ќе доживеете нагол пад на енергијата.

Индустриски преработена храна

Ако изедете колачи или чипс ќе добиете експресна доза енергија, но овој тип на храна брзо минува низ крвта што значи дека одеднаш ќе имате зголемување на енергијата, за потоа да доживеете голем пад.

Недостаток на вода

Ако организмот ви е дехидриран во клетките кои се наоѓаат во мускулите и виталните органи се пренесува помало количество кислород заради што ќе се чувствувате изморено.

Алкохол

Освен што го дехидрира организмот, консумирањето алкохол три до четири часа пред легнување ќе направи да имате потешкотии со спиењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП