29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗZagato го разубавува Aston Martin - пристигнуваат 2 нови модели (фото)

Zagato го разубавува Aston Martin – пристигнуваат 2 нови модели (фото)

Соработката на компанијата Aston Martin и познатата италијанска дизајнерска куќа Zagato резултираше со уште два модели во лимитирана серија – Vanquish Speedster и Vanquish Shooting Brake.

Zagato претходно ја претстави својата визија за Aston Martin во верзиите Vanquish Coupe и Volante, а и двата модели беа релизирани во лимитирана серија од по 99 примероци.

Сега на ред дојдоа нешто поегзотични каросериски варијанти – Speedster и Shooting Brake.

И двата автомобила имаат карактеристичен дизајнерски потпис на Zagato со заоблени стилски елементи на надворешноста на автомобилот. Speedster во суштина е поекстемна верзија на Vanquish Volante, со нагласени испакнатини зад седиштето на возачот и совозачот.

Овие елементи се изработени од јаглеродни влакна, како и остатокот од каросеријата и потесетуваат на заштитниот знак на Zagato дизајнот – познатото двојно брановидно заоблување на задниот дел од кровот од автомобилот.

Во план е производство на само 28 Speedster-и, па и не не чуди податокот дека сите се однапред продадени.

Кога станува збор за вториот новитет, Vanquishu Shooting Brake, објавена е само една фотографија на која е прикажан профилот на возилото, па дизајнот не е можно да се согледа целосно.

Сепак, Aston Martin откри дека продолжениот покрив на овој автомобил исто така содржи двојно симетричко заоблување, како она на моделот Vanquish Zagato Coupe.

Планирана е лимитирана серија од 99 примероци на Zagatо Shooting Brake, а производството и испораката на двете верзии започнуваат во 2018 година.

Сите модели со потпис на Zagato се базирани на Aston Мartin Vanquish S и ги придвижува атмосферскиот 6.0 V12 мотор, со 600КС, комбиниран со осумбрзински автоматски менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП