23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку лаги кои едноставно мора да ги кажете на работа

Неколку лаги кои едноставно мора да ги кажете на работа

Иако сите се трудиме да бидеме искрени најмногу што можеме, некои лаги едноставно мора да ги изговориме…

Постојат безброј ситуации во кои мораме да излажеме со цел да си го доведеме работното место во добра насока.

Нормално овде не станува збор за секојдневните, константни лаги и измами на колегите.

Трудете се да користите „добри“ лаги кои ќе послужат вашиот однос со колегите да биде подобар, а работата поуспешна.

1.Не ми е проблем да ти помогнам: Сигурни сме дека колегите често ви бараат помош. Иако имате многу работа, секогаш потрудете се да им помогнете на вашите колеги колку што можете. На тој начин ќе ги подобрите вашите односи и ќе станете пријатели, а со самото тоа, вашата работа ќе функционира подобро.

2. Сите сме еднакво одговорни за успехот: Иако ова можеби не е точно, морате да се трудите на вашите колеги да им пружите надеж и оптимизам со цел да ги поттикнете на подобро. Веројатно и вие во вашето деловно опкружување имате луѓе кои работат на различни начини. Некои работат помалку, а некои повеќе, а важно е барем за кратко да ги составите во тим и да им покажете дека се заедно најуспешни. Тимското работење за работата е најважно. Ако се најде поединец кој одбива да работи и кој не сака да учествува во тимот, тогаш таа работа не е за него.

3. Многу работи сум научил/а од тебе: Секој од некого учи на почетокот и така најверојатно било и со вас. Многу е важно на вашиот ментор да му покажете дека сте благодарни и да му покажете дека неговиот труд не бил залуден. Иако можеби ова не е вистина, многу е важно да го подигнете моралот на вашите колеги, а вашиот ментор на овој начин ќе биде горд и задоволен.

4. Многу сум возбуден поради оваа работа: Ова исто така е лага која ќе морате да ја изговорите доколку мислите да го задржите работното место. Често се случува да добиеме вработување кое не ни одговара, но поради ситуацијата во која се наоѓаме, се согласуваме да работиме. На работодавецот му е многу важно неговите вработени да го сакаат тоа што го работат, па е многу важно тоа да им го покажете. Ако кажете дека не ја сакате работата, малку е веројатно дека ќе работите таму.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП